Колку е безбедно да одите на трчање за време на пандемија?

Loading

Скоро и да нема рутина од секојдневниот живот на која не влијаело ширењето на вирусот КОВИД-19. Властите воведуваа се построги мерки со цел што побрзо да се вратиме во нашите вообичаени животи, тоа важи и за собири – сега не повеќе од две лица.

Спортските сали се затворени, а забрането е и вежбање на справите на отворено по парковите. Сепак, кога станува збор за трчање на отворено, што тогаш?

Социјалното дистанцирање значи намалување на физичкиот контакт со други луѓе. Во ситуации кога е потребно – како одење по намирници, се предлага растојание од најмалку 1,5 м. За сите други намерни или ненамерни собири, експертите инсистираат да ги избегнуваме.

Поимот социјално дистанцирање често се поистоветува со самоизолација, што е погрешно. Во вториот случај, вие сте изолирани од сите, за одреден број денови.

Во случаи кога сте позитивни на вирусот, ако сте биле во контакт со некој за кој било потврдено дека е заразено или ако сте пристигнале од една од ризичните области.

Во случај што вклучува придржување кон социјалното дистанцирање, се смета дека е безбедно да се оди на трчање на отворено, но со почитување на одредени упатства.

Напротив, ве охрабруваме да одите на трчање – затоа што е добро за вашата ментална и физичка состојба.

  • Изберете места каде што не очекувате да има луѓе.
  • Одете на трчање сами, не во групи.
  • Ако налетате на други луѓе – држете се до пропишаното растојание.
  • Правилна хигиена – сè уште не е сосема сигурно колку долго вирусот може да преживее на различни површини, но ве советуваме да избегнувате пиење вода од јавни фонтани, да избегнувате копчиња на семафори и да ги миете рацете веднаш штом ќе влезете во куќата.
  • Секако – трчајте кога нема забрана за слобода на движење, но тоа се подразбира.

ДАЛИ ВИРУСОТ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕНЕСЕ ПРЕКУ ПОТ?

Ако го одржувате пропишаното растојание помеѓу себе и друг тркач – нема од што да се плашите.

Досега е потврдено дека корона вирусот се пренесува со капки – со кашлање или кивање од заразено лице или со допирање на контаминирани површини со рацете, по што, најчесто, несвесно, го допираме лицето, очите, устата или носот.

Сè уште нема потврдени случаи на пренесување на вирус преку пот. Но тоа не значи дека не е можно и дека не треба да се придржувате кон мерките на претпазливост, потврдени од Светската здравствена организација.