(ВИДЕО) Денот кога во Југославија одекнуваше – Дарко, Дарко, Црвена Звезда е шампион на Европа!

Loading

На денешен ден, 29 мај 1991 година, Црвена звезда го освои Купот на шампионите, откако во финалето го победи Олимпик Марсеј со 5:3 (0:0) по подоброто изведување пенали.

фото: Profimedia

Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија.

Немаше голови и во дополнителните 30 минути, а потоа црвено-белите славеа со 5:3 по изведувањето на пенали.

Головите за Звезда од 11 метри ги постигнаа Просинечки, Биниќ, Белодедиќ, Михајловиќ и Панчев.

За Французите дури во 112. минута настапи Драган Стојковиќ, кој потоа одби да изведе пенал против поранешниот клуб.

Актуелниот селектор на Србија поради доцната смена му се налути на селекторот Гуталс, а на Звезда и беше најтешко додека Пикси беше на теренот.

Црвена звезда без пораз го постигна најголемиот успех во историјата и со тоа со златни букви влезе во фудбалските анали.

Црвено-белите го елиминираа швајцарскиот Грасхоперс во првото коло од тогашниот Куп на шампионите. Ѕвезда беше подобра од шкотскиот Ренџерс во осминафиналето, беше 3:0 во Белград и 1:1 во Глазгов.

Ривал на црвено-белите во четвртфиналето беше шампионот на Источна Германија, Динамо од Дрезден, а Звезда повторно беше подобра.

Во првиот полуфинален натпревар црвено-белите го победија славниот Баерн со 2:1 на гости, а во реваншот беше 2:2.