Во Аргентина и Боливија од утре започнува најекстремното рели во светот, Дакар 2016.
Натпреварувањето и традицијата на ова рели и понатаму продолжува, а истото ќе се одржува по традиционален 37-ми пат.
Релито Дакар 2016 стартува утре на 2. јануари во Буенос Ајрес, а ќе учествуваат 110 автомобилисти и 143 мотоциклисти кои во 13 етапи ќе поминат над 9.237 километри.
Минатата 2015 година во конкуренцијата кај автомобилистите славеше Насер Ал-Атијах од (Мини) од Катар и Шпанецот Марк Кома од КТМ кај мотоциклистите.
Првата етапа на Релито Дакар 2016 ќе започне од Росарио до Вила Карлос Паз, а ќе се вози во должина од 227 километри.
Традиционалното Рели Дакар 2016 завршува на 16. јануари во Росарио, Аргентина.