ВИДЕО: Чудо кое ќе чини 400 милиони евра – Како ќе изгледа новиот стадион на Реал во кој може да играат и Надал и Лејкерс?

Loading

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ќе инвестира 400 милиони евра во модернизација на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

И официјално е објавено како ќе изгледа новиот стадион на Реал и тоа на клупскиот сајт, а стадионот треба да биде готов до 2023 година.

Капацитетот на стадионот ќе остане како и досега, 80.000 седишта, но комфорот ќе биде подигнат на невидена висина. Лизгачки покрив кој ќе создаде микроклима е само една од новитетите.

Највпечатлива иновација е подвижниот терен со седум попречни плочи широки 15 метри и високи меѓу 23 и 25 сантиметри, кои ќе бидат извлечени, со што ќе се спаси тревата за натпревари.

Ова исто така ќе ви овозможи да го гледате тенискиот натпревар на Рафаел Надал и кошаркарскиот натпревар на Лејкерс во исто време.

Исто така, подвижниот терен ќе овозможи концертите да се одржуваат непречено, без страв дека ќе биде руиниран теренот за натпревари.

Целта е стадионот да биде максимално искористен сите седум дена во неделата.

Во внатрешноста на стадионот ќе има трговски центар со многу продавници, ресторани, како и хотел со соби кои ќе имаат поглед на теренот…