ВИДЕО: БРАВО МАЈСТОРЕ: Новак покажа зошто е најдобар, а Медведев гледа и не му се верува!

Loading

Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ се подготвува за последниот Мастерс во сезоната кој започнува во понеделник во Париз.

ФОТО: AP/John Minchillo, AP/Seth Wenig

Новак тренира заедно со неговиот моментално најголем конкурент Данил Медведев на теренот на Академијата Муратоглу во Ница.

На еден од заедничките тренинзи се одигра подготвителен дуел во кој блескаше Ноле.

На Твитер профилот на споменатата академија се појави видео на кое се гледа како српскиот ас со фантастично „лизгање“ на теренот на цврста подлога стигнува до топката и поентира, со што беше зачинето со коментар:

„Данил Медведев не можеше да поверува дека Џоковиќ поентираше вака“:

Да потсетиме, последната средба на двајцата најдобри светски играчи се случи во финалето на УС Опен. Тоа беше и последен натпреварувачки меч на Новак Џоковиќ оваа година, додека Медведев се испроба на Индијан Велс, каде сакаше титула до првото место на АТП листата, но беше запрен во осминафиналето.

Џоковиќ и Медведев како први двајца лидери на турнирот не можат да се сретнат пред финалето.