Бока Јуниорс стана нов шампион на Аргентина. На коло пред крајот на првенството гигантот од Буенос Аирес победи со 1:0 против Тигре и стана шампион по 31 пат.
Единствениот гол на натпреварот на „Ла Бомбонера” го постигна Фабијан Монсон во 42 минута со глава по центаршутот од корнер на Николас Лодеиро. Со овој успех Бока собра 64 поени, 6 повеќе од вториот Сан Лоренцо.
По титулата во Италија Карлос Тевез се радуваше и на титула во родната Аргентина, а негова следна цел и неговите соиграчи е да ја завршат сезоната со двојна круна, односно да го освојат Купот на Аргентина против Розарио Централ.
Клубот сепак сеуште заостанува по бројот на освоени титули од големиот ривал Ривер Плата кои станале шампиони 36 пати.