Барселона го одигра заостанатиот меч против Хихон кој беше одложен поради нивниот настап на Светското клубско првенство.
Каталонците нагости стигнаа до нова победа од 3:1 и на тој начин ја зголемија предноста на врвот на табелата во однос на Атлетико и Реал на 6, односно 7 бодови.
Триумфот на Барселона во Хихон мина во знакот на Лионел Меси, кој постигна 2 гола. Меси постигна прекрасен гол во 25.минута за 0:1, две минути подоцна израмни Кастро, но Меси со својот втор гол во 31.минута ја врати предноста на Барселона.
Во второто полувреме Луис Суарез промаши пенал во 62.минута, а потоа во 67.минута, уругваецот со својот 24 гол во првенството го постави конечниот резултат.
Првиот гол на Меси беше негов 300-ти во 334 натпревар во Примера, со што постави единствен рекорд. Никој пред Аргентинецот не стигнал до бројката од 300 голови во Примера.
Подоцна Меси го постигна и 301 гол во шпанскиот шампионат, а зад Меси, во Шпанија се Телмо Зара со 251 гол и Кристијано Роналдо со 224 голови, во 246 натпревари за Реал Мадрид.
Во најсилните европски првенства пред Меси се Џими Гривс кој во англиската лига постигнал 357 голови, односно Герд Милер кој во Бундеслигата постигнал 365 голови.
Барселона по 24 рунди во Примера има 60 бодови, Атлетико е втор со 54, еден повеќе од Реал, а на четвртата позиција е Виљареал со 48 бодови.