ВИДЕО: 10 години од бајката на Македонија на Евробаскетот 2011 во Литванија – Еве како беше тогаш!

Loading

Утре 14 септември се навршуваат точно 10 години од историскиот успех на кошаркарска Македонија на Евробаскетот 2011 во Литванија. 

По тој повод ФИБА Европа на својата ФБ страна објави видео и не потсети како нас така и цела Европа и светот за неверојатната победа на Македонија против домаќинот Литванија со 67-65 со тројката на Владо Илиевски.

Македонија на тоа европско првенство го освои историското 4-то место откако по голема драма во полуфиналето не успеа да го победи подоцна веќе европскиот шампион Шпанија, а исто така загуби и од Русија во малото финале и борбата за бронзениот медал.

ФИБА ЕВРОПА напиша ,, Најголемото изненадување во историјата на европските првенства,,,