(ВИДЕО+ФОТО) Заврши меморијалниот кошаркарски турнир за млади ,,Драган Васиолов Цевка,, во Аеродром

Заврши меѓународниот кошаркарски турнир за играчи до 16 години „Драган Василов Цевка“ кој изминатата недела се одржуваше во Спортскиот центар Јане Сандански во населбата Аеродром.

Поделени беа пехарите за најдобрите, а победник на турнирот во Скопје, е екипата на Слован од Љубљана, која успеа да го победи Академик од Пловдив со 72:42.

Третото место го освои Реал Гуровиќ Академија од Србија која во малото финале го победи унгарски Шопрон со 70:69.

Петтото место и припадна на Црвена ѕвезда од Белград, со победа против романски Клуж од 62:57, a во „македонското дерби“, односно натпреварот за седмото место, вардаровите кошаркари беа подобри од младите „штркови“ на МЗТ Скопје Аеродром со 71:59.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Келер Бендегуз од тимот на Сопрон, а МВП наградата за најдобар играч ја понесе кошаркарот на Слован, Леон Ивичиќ.

Претходно, во натпреварот во забивање победи младиот кошаркар Владимир Цвијетиќ од Црвена ѕвезда, а во натпреварот во шутирање за три поени, победи Кристијан Желев, кошаркар на Академик Пловдив.

Пехарите на најдобрите ги доделија претседателот на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска и Горан Василов, син на Драган Василов – Цевка, кои заедно им честитаа на младите кошаркари и им посакаа успешни кариери во иднина.

Општината Аеродром кој беше организатор на овој премиерен турнир, потврди дека овој собир на млади таленти ќе биде традиционален секоја година, во заедничка организација со Кошаркарската федерација, Олимпискиот комитет и Агенцијата за млади и спорт.

Погледнете го видеото од финалето и доделувањето на пехарите за најдобрите….