Вечерва стартува новата сезона во Премиерлигата – Кој со кого игра во 1.коло? (фото)

Новата 2017/18 сезона во Англиската Премиер лига вечерва ја има својата премиера со натпреварот помеѓу Арсенал и Лестер.

Шампионската титула ќе ја брани Челзи, а нови членови на Премиер лигата во оваа сезона се Њукасл, Брајтон и Хадерсфилд.

Утре се играат седум натпревари од стартното 1.коло.

Во терминот од 13.30 часот играат Вотфорд-Ливерпул, додека од 16 часот играат Кристал Палас-Хадерсфилд, Евертон-Стоук, Саутемптон-Свонси, ВБА-Бурнемаут.

Дуелот Брајтон-Манчестер Сити започнува во 18:30 часот. Во недела се играат два дуела, Њукасл-Тотенхем и Манчестер Јунајтед-Вест Хем.

Ова е официјалното промо на новата 2017/18 во Англиската Премиерлига

https://www.youtube.com/watch?v=YZPdW_0TAVc