Утре, прво ручек, па Новак: Подгответе се за нов тениски спектакл за титулата во Париз, Џоковиќ против Медведев!

Loading

Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот 1000 во Париз.

џоковиќ

По драмата Џоковиќ во три сета го совлада Пољакот Хуберт Хуркач со 2-1 во сетови 3:6, 6:0 и 7:6.

Негов ривал во финалето ќе биде Русинот Данил Медведев, кој едноставно го исчисти Германецот Александар Зверев за 125 минути со 6-2 и 6-2.

Новак така ќе има можност да му се реваншира на Медведев за поразот во финалето на УС Опен, кога Русинот го спречи да го освои календарскиот слем.

Натпреварот започнува во идеалниот термин од 15 часот.