Во јануари ќе наполни 44 години, но се уште не планира да ги закачи копачките на клинец.
Кога го потпиша договорот со Парма, се чинеше дека пензијата на Џанлуиџи Буфон е на прагот. Сепак, 25-годишната професионална кариера на италијанскиот голман сигурно ќе потрае, имајќи ја предвид неговата последна изјава.
– Би сакал да се обидам во Мексико или во САД. Се уште имам глад за фудбал и желба за постојано докажување – подвлече Буфон.
Искусниот чувар на мрежата во својата богата кариера никогаш немал можност да се радува на трофејот во Лигата на шампионите, а токму тоа го турна напред за да не размислува за пензија.
– Да се случеше тоа, ќе ја завршев кариерата многу порано – искрен е Џиџи.