Три од три за Розберг во новата Ф1 сезона, германецот славеше и во Кина!

Loading

Германецот Нико Розберг од тимот на Мерцедес победи на трката за големата награда на Кина, која во неделата се возеше на патеката во Шангај.

F1 Grand Prix of China

Розберг победи пред сонародникот Себастијан Фетел од Ферари и Русинот Данил Квајт од Ред Бул.

Кинеското гран при донесе големи возбудувања, многу промени во поредокот и сигурна победа на Розберг. Германецот, од крајот на минатата сезона, ја забележа шестата победа во низа, со што стана четврти во историјата на Ф1 со вакво остварување по Аскари, Шумахер и Фетел.

Розберг трката ја стартуваше од пол позицијата и со исклучок на првите три круга кога лидер беше Даниел Рикардо, ја предводеше трката.

nico china3 nico china2

Трката во Кина, покрај победникот мина во знакот на спомнатиот Рикардо, односно двоецот на Ферари: Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Овие тројца во раната фаза на трката мораа да ги посетата своите механичари, поради што во еден момент се наоѓаа на последната позиција, но на крајот Фетел заврши како втор, Рикардо на четвртото, а Раиконен на петтото место.

По трката во Кина, лидер во шампионатот е Розберг со максимални 75 бодови, втор е Хамилтон со 39, а трет Квјат со 36.

nico china nico china4

Првенството во Ф1 ќе продолжи на 1.мај, кога во Сочи ќе се вози трката за Големата награда на Русија.