НБА Плејоф: Кливленд се намачи со Детроит, Оклахома го уништи Далас

Loading

Во НБА лигата започна плејофот 2016 со првите одиграни натпревари во двете конференции.

love

Без изненадувања мина и вториот ден каде тимовите на Кливленд, Сан Антонио, ЛА Клиперс и Мајами забележаа победи во првите плејоф натпревари.

Најнеизвесно беше на мечот Кливленд и Детроит, каде најдобриот тим во Источната конференција го реши победникот во финишот на мечот.

Кливленд во текот на целиот меч имаше проблеми со Детроит, чии играчи имаа одлина реализација од поле, а на крајот одбраната му ја донесе победата на домаќинот од 106:101.

Кајри Ирвинг постигна 31 поен, Кевин Лав 28 поени и 13 скокови, а Леброн Џејмс заврши со 22 поени и 11 асистенции.

Калдвел-Поуп со 21 и Реџи Морис со поен помалку беа најефикасни во редвите на Детроит.

Сан Антонио славеше над десеткуваниот Мемфис убедливо со 106:74. Ленард даде 20, а Ламаркус Олдриџ 17 поени. Винс Картер постигна 16 поени за Мемфис.

Мајами мечот со Шарлот го реши уште во првата четвртина кога стигна до предност од 19 поени. На крајот Мајами славеше со 123:91.

123-те поени се клупски рекорд на Мајами во плејоф натпреварите. Денг го предводеше Мајами со 31 поен, а Вајтсајд имаше 21 поен, 11 скокови.

ЛА Клиперс во третиот период стигнаа до предност од 17 поени, а на крајот триумфираа со 115:95 во серијата со Портланд.

Четвворица од стартната петорка на Клиперси постигнаа двоцифрен број на поени: Крис Пол 28 поени и 11 асистенции, Грифин 19 поени, 12 скока, Деандре Џордан 18 поени, 12 скокови и Џеј Џеј Редик 17 поени.

За вечерва предвидени се три средби од плејофот.