ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – Ковачиќ од Челзи заминува во Манчестер Сити?

Loading

ЛЕТНИОТ преоден рок се уште не е официјално започнат, но трансферите веќе се одвиваат низ цела Европа.

Досега најголема зделка има направено Реал Мадрид кој за 103 милиони евра и бонуси го донесе Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.

Трансфери кои исто така вреди да се споменат се бесплатното заминување на Лионел Меси во Интер Мајами од ПСЖ и Карим Бензема во Саудиски Ал Итихад од Реал Мадрид.

На островото ќе биде фокусот на летниот трансфер период, а тимовите на Челзи и Манчестер Сити веќе преговараат за трансфер на Матео Ковачиќ.

Во клубот од Манчестер се е подготвено за доаѓањето на хрватскиот фудбалер, објави Фабрицио Романо.

Ковачиќ пред десетина дена ги договори личните услови со клубот и сега останува само да го потпише договорот. Прашање е кога се ќе биде готово, заклучува Романо.

Договорот на Ковачиќ со Челзи е со важност до летото 2024 година, но тој ќе го напушти една година порано како и неколку соиграчи, што Челзи мора да го направи откако минатата сезона донесе бројни играчи за стотици милиони евра, па сега ги има премногу од нив.

Трансфермаркт го цени Ковачиќ на 40 милиони евра.