Трансфер бомба од која се тресе светот – Што ќе добие Мбапе од Реал?

Loading

Французинот на лето реши да стане член на „кралскиот клуб“ од Мадрид.

фото: EPA/Sergio Perez, Shutterstock

Реал го победи ПСЖ и го исфрли од Лигата на шампионите, а сега се чини дека го доби последниот удар, бидејќи го ,,киднапираше,, најдобриот играч Килијан Мбапе.

Шпанскиот спортски дневен весник „Марка“ со гордост на насловната страница објавува дека Килијан Мбапе е новиот фудбалер на Реал.

Трансферот ќе се реализира на лето, кога младиот Французин како слободен играч ќе пристигне на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Според шпанскиот весник, двете страни се договориле за сите услови за соработка.

Не се знае на колку години ќе биде потпишан договорот, но точно е дека Килијан Мбапе само за потписот ќе добие меѓу 60 и 80 милиони евра. Плус ќе заработува 25.000.000 евра по сезона.

Дали Килијан Мбапе ќе го оствари детскиот сон и ќе потпише за Реал, одговорот ќе го добиеме на крајот од сезоната. Сосема е извесно дека ПСЖ нема да седи со скрстени раце, бидејќи со месеци го убедува Французинот, но и неговите родители дека во национален интерес е Килијан Мбапе да остане во Париз.

Во целата приказна беше вклучен и претседателот на Франција, Емануел Макрон. Главен говорник во текот на преговорите е мајката на фудбалерот, Фајзе Ламари.

Парите не се проблем за сопствениците на клубот ПСЖ и богатиот претседател, Катарецот Насер Ел-Келаифи.

Весникот „Паризиен“ пред неколку недели напиша дека челниците на ПСЖ решиле на Мбапе да му понудат годишна плата од 50.000.000 евра нето и бонус за потпишување нов договор во висина од 100.000.000 евра.

Директорот на ПСЖ, Бразилецот Леонардо не ги демантираше информациите дека ПСЖ сака да го задржи Мбапе, но истакна дека кон Французинот не била дадена конкретна понуда.