Тој е најголемото промашување на Реал Мадрид – Го платија 115 милиони евра, а сега сакаат да се откачат од него!

Loading

Фудбалерот на Реал Мадрид и белгиски репрезентативец Еден Азар би можел да ја продолжи кариерата во турски Галатасарај, пренесуваат шпанските медиуми.

фото: Profimedia

Азар (31) пристигна во Реал во 2019 година од Челзи во трансфер вреден 115 милиони евра. Но, поради честите повреди и вишокот килограми го загуби местото во стартниот состав на мадридскиот клуб.

Белгискиот напаѓач одигра 67 натпревари откако дојде во Реал и постигна само 6 гола. Сезонава одигра само 32 минути во победата на мадридскиот клуб против Алмерија (2:1).

Белгискиот интернационалец има договор со Реал до јуни следната година.