Вчера на 68-годишна возраст почина таткото на еден од најголемите спортисти на сите времиња, Усеин Болт.
Станува збор за Велсли Болт кој долго време се бореше со тешка болест, а во понеделникот ја загуби битката.
Локалните медиуми тврдат дека Велсли бил клучната фигура во кариерата на Јусеин и дека без неговата поддршка, Болт немаше да освои осум олимписки златни медали пред да се пензионира.
Велсли работел во индустријата за кафе 16 години, пред да го преземе управувањето со локална продавница со неговата сопруга Џенифер.
Зад себе остави три деца, Јусеин, Садики и Кристина Болт-Хилтон.