Новак Џоковиќ ни откри дали ќе се вакцинира – Ќе бидете изненадени од одговорот!

Loading

Новак Џоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП 250 Србија опен, откако во четвртфиналето го победи сонародникот Миомир Кецмановиќ со 2-0 во сетови.

Најдобриот тенисер на светот зборуваше за тоа дали ќе се вакцинира или не.

– Одлуката дали ќе се вакцинирам ќе ја задржам за себе. Се надевам дека сите го почитуваат тоа. Не би сакал да ме означуваат како про или контра вакцина. Драго ми е што играчите имаат избор, Џорџе ми рече дека многу играчи ја примиле вакцината.

– Се надевам дека нема да стане задолжително. Секој треба да биде слободен да го стори тоа или да не го стори тоа и да ја почитува слободата на избор, додаде Ноле.

Џоковиќ моментално игра на турнирот во Белград, каде го чека полуфинален натпревар против русинот Карацев со кого играше во полуфиналето на тенискиот гренслем Австралија опен.