Солдадо за 5 милиони евра премина во Фенербахче – Дали ќе игра против Вардар во Скопје? (видео+фото)

Шпанскиот репрезентативец Роберто Солдадо има нов клуб. Виљареал го замени со турскиот тим Фенербахче, објави турскиот клуб.

Искусниот напаѓач, кој во кариерата играл и за Валенсија, односно Тотенхем, за сума од 5 милиони евра се пресели во Истанбул.

Солдадо изминатите две години го носеше дресот на „жолтата подморница“. Речиси во целост ја пропушти изминатата сезона поради тешката повреда на лигаментите во коленото.

Фенербахче следниот четврток игра против Вардар нагости во Скопје во првиот плејоф-натпревар во Лига Европа. Солдадо треба да биде стартер на овој натпревар.

Тој во кариерата има играно за Реал Мадрид, Осасуна, Гетафе, Валенсија, Тотенхем и Виљареал.

Најуспешен период во кариерата го имаше од 2010-2013 кога како член на Валенсија одигра 101 натпревар и постигна 59 голови.

https://www.youtube.com/watch?v=QfHUt0XyjyY