Франк Рибери, славниот поранешен француски репрезентативец и поранешен ас на Баерн, а сега член на италијанска Салернитана, во неделата доживеа сообраќајна несреќа.
Рибери седел на совозачкото седиште во автомобилот кој удрил на семафор околу три часот наутро.
Французинот веднаш бил хоспитализиран, се пожалил на главоболки, но според последните информации не се работи за сериозни повреди.
Лекарите му препорачаа да одмори неколку дена, поради што беше доведен во прашање неговиот настап против Интер во петокот.
Познато е дека Рибери како момче доживеал тешка сообраќајна несреќа, поради што морал да има сто копчиња на лицето, што му создало трајна лузна…