Што значи плавиот картон во ракометот? Еве што кажуваат правилата!

Loading

Во едно од дерби средбите на ЕП 2022 во ракомет, Хрватска загуби од Франција во првото коло, но има императив да победи на денешниот натпревар против вечниот ривал Србија.

фото:PROFIMEDIA

На возбудливото дерби против олимпискиот шампион, Хрватите останаа без Давид Мандиќ, кој со рака го удри ривалот во лице и поради тоа доби црвен картон.

Дополнително, му беше покажан и плав картон, а еве што тој значи според измените усвоени во март 2016 година.

„Судиите покрај црвениот и жолтиот добиваат и плав картон за да бидат уште поконкретни околу исклучувањето на играчите. Доколку се покаже плав картон, во извештајот ќе се додаде писмена изјава за која одлука ќе донесе Дисциплинската комисија.

Така, Мандиќ сега ќе ја чека одлуката на комисијата и се надева дека нема да биде суспендиран за мечот против Србија, која во првото коло со одлична игра ја победи Украина.

Дуелот меѓу Србија и Хрватска е закажан за вечерва од 20 часот и 30 минути.