На Ролан Гарос денеска треба да се играат четвртфиналните дуели по два кај мажите и жените, по што ќе бидат ќе се комплетираат полуфиналните двојки.
На централниот терен први ќе се појават Новак Џоковиќ и Томаш Бердих, додека во исто време на теренот „Сузан Леглан“ е дуелот меѓу Доминик Тием и Давид Гофан.
Кај жените Серена Вилијамс за ривалка ја има изненадувањето Јулија Путиншева, додека Кики Бертенс ќе игра против Тимеа Башички.
Во првото полуфинале кај мажите ќе играат Енди Мареј и Стен Вавринка откако ги добија четвртфиналните дуели со Гаске и Алберт Рамор.
Мареј со 3-1 во сетови беше поуспешен од Ришар Гаске, додека Вавринка го победи Алберт Рамос-Винолас со 3-0 во сетови.
Кај жените полуфиналистки се Саманта Стосур со победата на Пиронкова со 2-0 во сетови, а со истиот резултат Гарбине Мугуруза ја победи Шелби Роџерс.