ШОК за Данска и Интер – Кристијан Ериксен ја завршува кариерата на 29 години!?

Loading

На данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ќе му биде вграден уред за започнување на работа на срцето (ICD) откако му откажа пред крајот на првиот дел за време на мечот со Финска на ЕП 2020.

Ериксен моментално се опоравува во болница откако преживеа срцев удар во саботата. Му беше дадена помош на терен, а лекарите го реанимираа со дефибрилатор.

Лекарот на данската репрезентација, Мортен Босен, рече дека апаратот за ICD е неопходен по срцев удар поради нарушување на ритамот.

Тој додаде дека Ериксен „го прифатил решението“ и дека и други меѓународни специјалисти го препорачале истиот третман.

“Откако Кристијан беше подложен на разни прегледи на срцето, беше одлучено да се инсталира ICD. Ги повикуваме сите да обезбедат мир и приватност на Кристијан и на неговото семејство”, рече Босен.

Поранешниот соиграч на Ериксен од Ајакс, Блинд, кој игра за Холандија на Европското првенство, исто така има вграден ICD, по дијагностицирањето на воспаление на срцевиот мускул во 2019 година.

ICD е мал уред што испраќа електрични импулси за регулирање на срцевиот ритам, особено оние што можат да бидат опасни и да предизвикаат срцева слабост.

Данска денеска играше за прв пат откако Ериксен колабираше на теренот. Домашната селекција иако имаше водство од 1-0, сепак на крајот загуби од фаворитот Белгија со 1-2 во рамките на 2. коло од групата Б во Копенхаген.

Навивачите и актерите на теренот на стадионот Паркен во Копенхаген со големи овации го поздравија Ериксен во 10-та минута, симболично бидејќи тој го носи дресот со тој број.