Руската тенисерка Марија Шарапова ќе го пропушти овогодинешниот Вимблдон поради повреда на бутниот мускул.
По елиминацијата во второто коло на Мастерсот во Рим, убавата русинка не играше на ниту еден турнир.
И во Рим мораше да се повлече поради повредата која сеуште ја нема санирано.
Марија Шарапова се очекува да се врати на тениските терени на крајот на месец јули кога сезоната на трева ќе биде скоро завршена.
“По деталениот преглед, за жал, не ќе бидам во можност да настапам на сезоната на трева како што планирав. Следниот турнир каде треба да играм ќе биде Стенфорд”, напиша Маша на социјалните мрежи.
Турнирот во Стенфорд започнува на 30 јули кога и се очекува Шарапова да се опорави од повредата.