Шампионот го доби првиот натпревар од НБА финалето, Г.Стејт славеше со 104-89 против Кавси!

Loading

Во НБА лигата се одигра првиот натпревар од големото финале.

резерви

Во Оукленд домашниот тим на актуелниот шампион Голден Стејт славеше победа против Кливленд со 104-89 и поведе со 1-0 во победи.

Ова воедно е „реприза“ на ланското финале во кое Голден Стејт славеше со 4-2 и по 40 години стана НБА шампион.

Натпреварот беше во знак на играчите од клупата на Голден Стејт кои постигна 45 поени, наспроти таа на Кливленд која имаше само 10 коша.

cavs-warr

Шон Ливингстон кај Голден Стејт реализираше 20 поени, а Дрејмонд Грин имаше 16 поени и 11 скокови. Стеф Кари и Томсон постигнаа по 11 односно 9 поени.

Кај Кливленд најефикасен беше Кајри Ирвинг со 26 поени, а Леброн Џејмс имаше 23 поени, 12 скока и 9 асистенции, додека Кевин Лав постигна 17 поени.

livingston

Натпреварот број 2 се игра на 5. јуни в недела навечер каде Голден Стејт повторно е домаќин.

За потсетување финалната серија се игра по системот 2-3-2.