Сепак не издржа Мино Раиола, почина денеска! – Ова е долгата листа на фудбалери кои ги застапуваше!

Loading

Мино Раиола на почетокот на оваа година беше примен во болница поради проблеми со белите дробови, а се најавуваше дека се бори со тешка болест, но за жал на крајот овој фудбалски агент не успеа да се извлече.

фото: Profimedia

Неговото семејство денеска на својот официјален профил на Твитер ја потврди тажната вест.

Ова секако е голем удар за фудбалскиот свет бидејќи Раиола беше еден од најпознатите менаџери.

Мино имаше огромно влијание во светот на фудбалот и направи неколку фантастични трансфери на своите играчи и заработи огромни пари.

Сигурно играчите кои ги претставуваше ќе бидат многу тажни бидејќи загубија човек со кој соработуваа со години и кој можеше да направи вистинско чудо кога се во прашање трансферите.

Менаџерската агенција официјално застапуваше 76 фудбалери, а не се знае дали тие ќе останат членови на оваа агенција или ќе бидат принудени што поскоро да најдат нов менаџер бидејќи за два месеци почнува летниот преоден рок.

Секако, најпознати играчи кои ги застапуваше Раиола се: Златан Ибрахимовиќ (Милан), Ерлинг Халанд (Дортмунд), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Џиџи Донарума (ПСЖ), Марко Верати (ПСЖ), Стефан де Ври (Јувентус) и Марио Балотели (Адана) (Демирспор).

Агенцијата на Раиола исто така ги застапува овие фудбалери:

Рајан Гравенберг (Ајакс)
Хирвинг Лозано (Наполи)
Мојс Кин (Јувентус)
Доњел Мален (Дортмунд)
Алесио Ромањоли (Милан)
Дензел Дамфрис (Интер)
Нусер Мазрауи (Ајакс)
Андреа Пинамонти (Интер)
Калвин Стенгс (Ница)
Мирон Боаду (Монако)
Џастин Клајверт (Ница)
Мичел Бекер (Б. Леверкузен)
Валтер Бенитез (Ница)
Овен Вајндал (АЗ)
Хенрих Михтарјан (Рома)
Алфонс Ареола (Вест Хем)
Пабло Росарио (Ница)
Лука Пелегрини (Јувентус)
Брајан Броби (Ајакс)
Константинос Манолас (Олимпијци)
Кени Тете (Фулам)
Мохамед Фарес (Торино)
Рикардо Калафиори (Џенова)
Вангелис Павлидис (АЗ)
Џакомо Бонавентура (Фиорентина)
Пантелис Чацидиакос (АЗ)
Мики ван де Вен (Волфсбург)
Чави Симонс (ПСЖ)
Жоао Паоло (Сиетл Саундерс)
Родриго Ели (Алмерија)
Алесандро Дејола (Каљари)
Филип Сендлер (Феенорд)
Роберто Инсиње (Лече)
Федерико Македа (Панатинаикос)
Емре Мор (Карагумрук)
Блаже Матуиди (Интер Мајами)
Весли (Сион)
Седрик Гондо (Семонезе)
Томаш Лам (ЦСКА Софија)
Иманеул Фераи (Дортмунд)
Владимир Вајс (Слован Братислава)
Марко Туминело (Реџина)
Лиам ван Гелдерен (Ајакс)
Лучијано Нарсинг (ФК Сиднеј)
Камило Чано (Фросиноне)
Хичхем Канис (Пансераикос)
Рикардо Кишна (Адо Хаг)
Фабио Писакане (без клуб)
Раул Асенсио (Лече)
Николо Армини (Пјаченца)
Давиде Мерола (Фоџа)
Уасим Буи (Ал-Караитијат)
Матија Витале (Про Версели)
Винченцо Томасон (Гравина)
Ахмед Камара (Опунтиос Мартину)
Ерон (без клуб)
Крис (ја заврши кариера)
Бобан Лазиќ (Барендрехт)
Лукас Роѓа (без клуб)
Бурак Кардес (Ендрахт Термиен)
Лоренцо Андиули (Унион Вила Казано)
Фелипе Матиони (без клуб)
Максвел (ја заврши кариера)
Чезаре Натали (ја заврши кариерата)
Абдел Малек Ел Хаснауи (СЦ Ал-Наср)
Густаво Хеблинг (Оесте фудбалски клуб)
Игнасио Абате (ја заврши кариера)
Давиде Акампа (Наполи)