Сензација на фајнл-форот во Будимпешта, дебитантот ЧСМ Букурешт нов европски шампион!

Loading

Сензација се случи на фајнл-форот во женската Лига на шампиони, аутсајдерот ЦСМ Букурешт, стана нов европски шампион.

csm bukurest

Романските ракометарки, кои од клупата ги предводи Ким Расмусен, по голема драма, две продолженија и изведување на седмерци, славеа во финалето над домаќинот Ѓер со 29:26.

Хероина на Букурешт, во пенал серијата е бразилската голманка, која од наредната сезона ќе брани во Вардар, Песоа, која им ги одбрани ударите од 7 метри на Грот и Локе.

Претходно, во романскиот тим блескаа голманката Грубишиќ која имаше 14 одбрани и средниот бек Гулден која постигна 14 голови.

Гулден е најдобар стрелец на завршниот турнир, додека Грубишиќ сосема заслужено ја понесе наградата за најкорисна ракометарка на завршниот турнир МВП.

Финалето, од почетокот до крајот беше израмнето и неизвесно, ниту една од екипите во текот на мечот немаше предност поголема од два гола. Двата тима одиграа квалитетно во дефанзивата, а можеби победникот го пресуди подоброто издание на Грубишиќ, бидејќи Гримсбо на спротивната страна имаше 8 интервенции.

bukurest

Драмата кулминираше во последните 15 секунди, кога Горбич од седмерец погоди за Ѓер за 21:22, но во последниот напад Торстенсон, на три секунди до крајот израмни на 22:22.

Ѓер имаше шанса и во продолженијата, водеше 22:24 по првото, а во второто поведе 23:25, но упорните Романки стигнаа до израмнување, а потоа и до победата по изведување на пеналите.

Титулата на Букурешт е една од најголемите сензации во женскиот ракомет, но трофејот заслужено го освоија, бидеќи на патот до конечната цел го елиминираа Ростов Дон, екипа која до четвртфиналето немаше пораз, потоа во полуфиналето со 27-21 го победија нашиот ЖРК Вардар и во финалето Ѓер кои пак во полуфиналето со 21-20 го детронизираа дотогаш актуелниот шампион Будуќност.

zrkvardar fin

Вардарки и трета година по ред го освојуваат третото место и бронзениот медал на фајнл-форот од лигата на шампионките.

Во малото финале го победија веќе поранешниот шампион тимот на Будуќност со 30-28.

Погледнете ја пенал драмата во финалето…