Сега е банкрот, а некогаш имаше 130 милиони евра – Покрај затворот му следува нов хорор!

Loading

Легендарниот германски тенисер и тренер, Борис Бекер, се соочува со нови проблеми, пренесуваат германските и англиските медиуми.

фото: ames Manning/PA Wire

По отслужувањето на затворската казна се соочува со нешто што досега не беше спомнато, а тоа е депортација од Велика Британија.

Бекер ќе помине како секој нормален странски државјанин кој ќе изврши кривично дело на територијата на Обединетото Кралство, а беше осуден пред се за даночно затајување.

Како што стојат работите во моментов, тој прво ќе ја одлежи казната од две и пол години, а потоа веднаш ќе биде префрлен во родната Германија.

Тоа е човекот чие богатство некогаш се проценуваше на околу 130 милиони евра, а сега и официјално е банкрот, па му останува само да смисли стратегија во затвор за можеби да заработи некое „евро“ од сопствената несреќа.