Се прави шампионската Барселона во тимот на Интер Мајами – Доаѓа уште една легенда!

Loading

По доведувањето на Лионел Меси, Интер Мајами се обидува да го опкружи со познати поранешни соиграчи, а откако во клубот од МЛС веќе пристигнаа Серхио Бускетс и Жорди Алба, работат на уште два можни трансфери.

фото: Albert Gea /Reuters

Веќе е познато дека Луис Суарез е желба на клубот, а се чини дека е и Андрес Иниеста.

Легендата на Барселона, сега има 39 години, играше за јапонскиот Висел Кобе од 2018 до 2023 година и покрај доцните играчки години, би можел да ја продолжи кариерата.

Околината во која би можел да пристигне е нова, но многу лица во соблекувалната би можеле да му бидат познати.

Иниеста со години играше со споменатите играчи, а доколку се остварат предвидувањата на медиумите и упатените како експертот за трансфери Арон Домингез, тој би можел повторно да заигра.

фото: (C)J.LEAGUE

Наводно, тој ги договарал личните услови за трансфер во Интер Мајами и неговиот потпис за новиот тим е прашање на време.

Иниеста играше за Барселона од 2002 до 2018 година и со неа освои 35 титули. Беше деветкратен шампион на Шпанија и четирикратен освојувач на Лигата на шампионите.

Има и светска и две европски титули со Шпанија, а освои и два трофеја во Јапонија.