Светското првенство во Катар следната година ќе биде оригинално на многу начини, но најновото откритие е едноставно човек да не поверува.
Првенството ќе се одржи доцна наесен поради климатските услови во Катар, сите стадиони ќе бидат на релативно кратка дистанца и се тоа може да се разбере, но оваа информација кога излезе во престижниот француски спортски весник „Тим“, е едноставно шокантна.
Имено, селекторите ќе имаат само седум дена да ги подготват репрезентациите за Светското првенство.
Нешто како ова беше незамисливо досега, имајќи предвид дека Светското првенство во фудбал е планетарен настан број еден.
На репрезентациите навистина им останува само една недела да се подготват за Светското првенство во 2022 година што ќе се одржи во Катар.
Имајќи предвид дека поради големите горештини, Светското првенство е преместено од стандардниот, летен термин, на есен-зима, првиот натпревар треба да се одигра на 21 ноември.
„Тим“ открива дека, според документите на ФИФА на кои наишол, клубовите ќе бидат обврзани да им дозволат на фудбалерите да им се приклучат на репрезентациите дури на 14 ноември.
За жал,ова е најновиот шамар во фудбалот во серијата големи пресврти во последните година дена.
Обидот да се формира приватно натпреварување на богати клубови, Супер лигата, се уште не оживеа, преговори се одржуваат за светски првенства на секои две години, а сега оваа одлука …
Сега ја чекаме реакцијата на националните сојузи.