Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер реагира на третманот кој го добива при лекувањето.
Оваа информација ја откри поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло.
,,Многу сум среќен и задоволен, затоа што реагира.
,,Знам колку е силен и убеден сум дека благодарение на решителноста ќе излезе од оваа крајно тешка ситуација, изјави Лука ди Монтеѕемоло.
Шумахер настрада за време на зимувањето во декември 2013 година.
6 месеци помина во болница во кома, по што беше преселен во својот дом во Швајцарија.
Неговото семејство не пренесува никакви информации за Шумахер, како и неговата портпаролка Сабине Кем.
Но јасно е дека ситуацијата оди кон подобро, а тоа е вест која секој посакува да ја слушне.