Се ближи крајот на една ера – Леброн Џејмс повеќе не е најдобар играч во НБА!

Loading

ESPN ја објави и најновата листа на најдобри играчи во НБА, рангирајќи ги првите пет.

Неодамна ЕСПН го остави Никола Јокиќ надвор од најдобрите пет играчи во лигата, иако тој е актуелен МВП на НБА.

Познатиот американски портал тогаш ја објави листата со најдобрите пет кошаркари во НБА лигата, бидејќи секоја година ја оставаат за крај.

Она што е помалку чудно е дека Леброн повеќе не е на врвот или според нивните зборови тој повеќе не е најдобриот играч во лигата, а тој конечен список изгледа вака:

5. Стеф Кари, Голден Стејт Вориорс
4. Лук Дончиќ, Далас Маверикс
3. Леброн Џејмс, Лос Анџелес Лејкерс
2. Jaнис Антетокумпо, Милвоки Бакс
1. Кевин Дурант, Бруклин Нетс

Кевин Дурент минатата година беше шести, а прв беше Леброн Џејмс, додека Јанис скокна од третата позиција на втората, а Дончиќ го задржа бројот четири.