Роланд Гарос 2016 – Елиминација на Кербер и Азаренка, Мареј го доби маратонот со Степанек!

Loading

На тенискиот гренслем Роланд Гарос конечно се одигра 1.коло без прекини.

роланд гарос

Енди Мареј во маратонски пет сета и 3 часа и 40 минути игра успеа да се пласира во второто коло откако со 3:2 во сетови го победи Радек Степанек.

Мареј губеше и со 2:0 во сетови, но успеа да се врати и да со прерсврт да ги добие трите сета со 6:0, 6:3 и 7:5. Преостанатите фаворити имаа полесен тренинг за пласман во второто коло.

Првиот меч на Ролан Гарос го одигра и Новак Џоковиќ кој со 3-0 го победи Јен Ксун Лу со 6:4 и на двапати со по 6:1.

Во три сета место во второто коло обезбедија четвртиот носител и деветкратниот победник на Ролан Гарос, Шпанецот, Рафаел Надал против Австралиецот Сем Грот и седмиот фаворит Чехот Томаш Бердих против Канаѓанецот Вашек Поспишил.

Кај дамите се случија две големи изненадувања. Две од првите десет носителки се елиминирани на третиот ден.

Викторија Азаренка го предаде мечот против Карин Кнап при резултат 1-1 во сетови и 4-0 за Кнап во гемови во одлучувачкиот сет.

Азаренка заработи повреда на коленото уште во првиот сет, па тоа е причината што не успеа да го одигра целиот меч на ниво.

Третата тенисерка на ВТА листата, шампионката од Мелбурн, Анжелик Кербер, доживеа елиминација уште во првото коло каде загуби од Кики Бертенс со 2:6, 6:3, 3:6.

Бертенс одигра одличен меч и со неверојатно агресивна игра успеа да забележи една од најголемите победи во својата кариера.