РК Вардар остана без иконата Дибиров – Русинот го напушта бродот кој тоне!

Loading

Рускиот ракометен интернационалец, Тимур Дибиров ја завршува долгогодишната одисеја во двојниот европски првак РК Вардар.

цеље-вардар2

Тој иако го продолжи договорот со црвено-црните, сепак нема да го носи дресот на македонскиот ракометен шампион Вардар во новата натпреварувачка сезона.

Рускиот репрезентативец ја прифати понудата на хрватскиот клуб Загреб каде ќе ја продолжи кариерата.

Хрватскиот шампион уште пред десетина дена тргна во офанзива по левото крило, во надеж дека ќе го убедат Дибиров да стави крај на својата ера во дресот на Вардар.

Иако до неодамна изјавуваше дека негова желба е кариерата да ја заврши во црвено-црниот дрес, неговиот став се промени по санкциите за „црвено-црните“ и исклучувањето на македонскиот првак од Лигата на ракометните шампиони.

Дибиров во текот на следната недела би требало и официјално да се пресели во Загреб, каде во тимот крај себе ќе ги има поранешните соиграчи од Вардар, Борозан и Чупиќ.