РК Вардар ги осигура услугите на рускиот ракометар Павел Атман

Loading

Поранешниот ракометар на Металург, Павел Атман, од следната сезона ќе го носи дресот на Вардар.

atman

Рускиот репрезентативец треба да биде соодветно засилување на позицијата среден бек, со оглед на тоа што од следната сезона Немања Прибак се сели во Бешикташ.

Атман, кој моментално настапува во ОАЕ, во тимот на Ал Ахли, една сезона го носеше дресот на Металург, со кој ја освои титулата во домашниот шампионат.

Пред него, за Вардар потпишаа и Русинот Александар Деревен, Шпанецот Хорхе Македа и репрезентативецот Дејан Манасков.