Прва тренерска жртва на ЕВРО 2016, селекторот на Русија Слутцки поднесе оставка!

Loading

Селекторот на репрезентацијата на Русија, Леонид Слутцки си поднесе оставка на функцијата поради големото разочарување на неговата селекција на Европското првенство во Франција.

слутцки1

Русите во Б групата, во конкуренција на Велс, Англија и Словачка го освоија последното место со само еден освоен бод против Англија.

„Сакам да им се извинам на навивачите. Тие кои навиваа за нас не го заслужија ова. Јас сум виновен, кога тимот игра вака виновен е тренерот“, изјави Слутцки по поразот на Русија од Велс.

Тренерот на ЦСКА Москва, репрезентацијата на Русија ја презеде на средина од квалификациите и од тим кој беше отпишан со четири победи избори пласман во Франција.

слутцки

„Потребен е друг човек кој ќе го подготви тимот за наредното големо натпреварување, кое е клучно за нашата земја. Јас се трудев колку што можев, но тоа не беше доволно“, завршил Слутцки.