Продолжува добрата форама на Лазаров

Loading

lazarov-so-barselona-vo-finaleto-na-super-gloub-171288

Барселона рутински обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Шпанија, откако вечерва славеше на гостувањето против Пуерто Сагунто со 31-45. Паузата поради репрезентативните настапи очигледно не го наруши ритамот на каталонците, па така Кире Лазаров и соиграчите веднаш по враќањето на клупските обврски забележаа нова убедлива победа.

Домаќините успеваа да му парираат на големиот фаворит само во првите десетина минути, за по израмнувањето од 7-7 да следи серија на Барса, по која каталонците се повеќе и повеќе ја зголемуваа својата предност, за на крајот да слават со 14 гола разлика, притоа постигнувајќи фантастични 45 погодоци за 60 минути игра.

Кире Лазаров ја продолжи одличната голгетерска серија од настапите за нашиот национален тим, па со седум погодоци беше најефикасен во својот тим заедно со Ентрериос, додека Сигурдсон го заврши мечот со шест гола