Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски во следниот период ќе настапува за српскиот клуб Мега лекс од Србија.
Тој беше без ангажман откако не го продолжи договорот со македонскиот шампион МЗТ Скопје и одлучи кариерата да ја продолжи во соседството, а Пеџа потпиша краткорочен договор со српскиот клуб.
Се уште не е обелоденето на колкав временски период е договорот на македонскиот центар со Мега лекс, но се очекува Самарџиски да го мине барем цел месец октомври во новиот клуб, доволно време за докажување во АБА-лигата и за изборување за подолгорочен договор.
Самарџиски по третпат се враќа во Србија откако ги носеше дресовите на Партизан и Црвена Звезда.