Потресна исповед: Ванеса Брајант откри како дозна за несреќата во која погинаа Коби и Џана!

Loading

На несреќниот 26 јануари 2020 година, во хеликоптерска несреќа загинаа познатиот кошаркар Коби Брајант, неговата ќерка Џана и уште седум лица кои беа на тој фатален лет.

Сопругата на Коби, Ванеса, на суд изјавила дека првите информации за страшната несреќа ги добила од семејниот асистент, но и дека некои информации се покажале како неточни.

Ванеса последните денови беше на суд каде сведочеше во случајот против полицајците кои се осомничени дека ги фотографирале мртвите тела на Коби и нивната ќерка Џана.

Асистентот и кажал на Ванеса дека се случила несреќа, но и дека преживеале пет лица, што подоцна се покажало дека е неточно. Бидејќи асистентката не знаела ништо повеќе, Ванеса се обидела да дојде или до Коби или со Џана преку телефон, но тие не одговориле.

„Додека го држев телефонот и се обидував да го добијам сопругот, почнав да добивам известувања „Почивај во мир, Коби“, „РИП Коби“. Мојот живот повеќе не беше ист од тој момент“, истакнала Ванеса Брајант.