Дриблингот на членот на српската репрезентација во баскет 3×3, Душан Домовиќ Булут на натпреварот против Шпанија, е прогласен за најдобар потег на Европското првенство во Холандија.
Булут против Шпанија на Серџо Де Ла Фуенте му ја протна топката низ нозе, а потоа постигна кош од прекршок.
Србија, која е актуелен светски шампион во баскет 3х3, го освои четвртото место на Европското првенство во Амстердам.
Шампиони станаа Летонците кои во финалето ја победија Словенија со 16-13, третото место го освои Украина
Погледнете што му направи Булут на шпанецот….