По серијата порази на Динамо З, тренерот Златко Крањчар поднесе оставка!

Loading

Тренeрот на ФК Динамо Загреб, Златко Крањчар си поднесе оставка на функцијата.

крањчар

Крањчар тоа го стори по поразот во Ријека, каде домаќинот го декласира актуелниот првак со 5-2.

Крањчар, 2 месеци го предводеше Динамо З, а го наследи Мамиќ кој замина во Саудиска Арабија.

Се пласираше во главната фаза во Лигата на шампионите, но по поразите од Осијек, Лион и Ријека си поднесе оставка.

„Ова е моја лична одлука. Реков дека ќе заминам доколку не бидам среќен и задоволен.

,,Повеќе не сум среќен, притисоците се преголеми.

,,Логично е поради интересите на Динамо, кога моето присуство не е добредојдено, да си заминам и да му овозможам на некој друг да оствари резултат кој е важен за клубот“, изјавил Крањчар.

златко

Динамо по вториот пораз во првенството, трет во низа, се наоѓа на третото место на табелата во хрватскиот шампионат со 19 бодови, четири помалку од лидерот Ријека.

Динамо Загреб сега ќе го предводи досегашниот помошник Жељко Сопиќ.