По само 40 дена во пензија пресврт – Се враќа на терените по само една средба со Роналдо!

Loading

Том Брејди не ја заврши кариерата, а пред само 40 дена најави повлекување.

фото: Twitter/Kristijano Ronaldo

45-годишниот најдобар бек во историјата на НФЛ лигата објави дека се враќа!

Брејди викендот го помина во Англија, поточно во Манчестер, каде го следеше премиерлигашкиот натпревар помеѓу Јунајтед и Тотенхем.

Кристијано Роналдо беше брилијантен, постигнувајќи хет-трик. Тие двајца се сретнаа по натпреварот и секако разговараа за оваа одлука да се врати на теренот.

Том Брејди испрати јасна порака до фановите на социјалните мрежи.

,,Во последните два месеци сфатив дека моето место е сеуште на теренот, не на трибините. Ќе дојде време за тоа, но не сега. Ги сакам моите соиграчи и го сакам моето семејство кое ме поддржува. Тие прават се. Се враќам за својата 23-та сезона во Тампа. Имаме незавршена работа“, рече Брејди.

Брејди, кој е во брак со манекенката Жизел Бундхен, има седум титули во Супербоул, шест со Њу Ингланд и една со Тампа Беј Буканерс.

Пет пати беше МВП на Супербол, три пати МВП на целата НФЛ лига. Двапати беше најдобар офанзивен играч во НФЛ, три пати во првиот All-Pro тим, три пати во вториот All-Pro тим.

На натпреварот Пробол играше дури 15 пати.

Тој е сопственик на бројни рекорди кога е во прашање улогата на бек во американскиот фудбал.