По пауза од 2 години, Марк Селби повторно стана светски шампион во снукер

Loading

Марк Селби од Англија е победник на Светското првенство во снукер, кое се одржа во Шефилд.

selby champ

Селби покрај титулата, која е втора во неговата кариера, освои и парична награда од 330.000 фунти, a во финалниот меч, го совлада Кинезот Динг Џунхуи со 18-14 во фрејмови, во меч кој го отвори со убедливи 6-0.

На првиот одмор Селби водеше со 6-2, а потоа Џунхуи успеа да намали на 7-5. По новата пауза Англичанецот имаше предност од 10-7, а Кинезот одново му се доближи на еден фрејм, но во решавачкиот период Селби влезе со предност од 15-11 кој му беше доволна за да ја освои новата шампионска титула во снукер.

Селби стана шестиот играч во историјата кој освоил две титули светски првак. Пред две години, кога ја освои првата титула, тој во финалето го победи Рони О’Саливен, најголемата ѕвезда во овој спорт.

Лестер вечно ќе го памети 2.мај, како ден кога во градот пристигнале две големи титули, онаа на Селби и на фудбалерите кои прв пат во историјата ја освоија Премиерлигата.