ПМФЛ: Без победник на дербито Вардар-Шкендија на Филип 2

Loading

Одиграно 27.коло во првата фудбалска лига на Македонија.

prva-mak-liga11

Во дербито помеѓу Вардар и Шкендија немаше победник, а натпреварот на арената Филип 2 заврши 1:1.

Најпрвин Фелипе во 34.минута му донесе предност на Вардар од 1-0, а резултатот го израмни Алими во 38.минута.

Израмнувачкиот гол на Шкендија предизвика мал инцидент на Јужната трибина, раководството на гостите го прославуваше голот на Алими, што предизвика реакции кај домашните навивачи.

Потоа реагираше полицијата, која го испразни тој дел од трибината, а подоцна од Шкендија се огласија со соопштение дека некои членови на раководството се здобиле со повреди.

По ова коло Вардар остана на врвот со два бода повеќе од Шкендија.

На останатите натпревари домашните тимови забележаа три победи, а само Шкупи освои три бода на гостински терен против Младост со победата од 1-0.

На другите средби Турново-Силекс 2-1, Ренова-Металург 4-1 и Брегалница-работнички 2-1.

Утре продолжуваат возбудувањата во првата фудбалска лига кога во плејофот се среќаваат, Вардар со Брегалница, Шкендија со Работнички и Силекс со Шкупи додека дуелите во плеј аутот се Турново–Младост и Ренова–Металург.