Планетата не памети ваков фудбалски ден – Утре сите пред ТВ и уживајте во спектаклите!

Loading

Тешко дека некој ден може да се спореди со утрешниот ден недела и со неверојатната фудбалска содржина на тој ден.

Програмата започнува практично попладне во Италија и Франција, а вистинските специјалитети почнуваат нешто по 16 часот. Затоа голем број луѓе ширум светот утрешниот ден 24 октомври ќе го поминат гледајќи телевизија.

Според некои информации фудбал гледаат три милијарди луѓе, а ако сте меѓу нив веројатно ќе почнете да уживате во Ел Класико.

Барселона – Реал Мадрид 16,15 часот

Каталонците се потресени и најголемото дерби ги чекаат од седмата позиција во Ла Лига, но на натпреварот против Реал Мадрид му приоѓаат со огромна доза на мотивација да направат пресврт во сезоната против големиот ривал. Букмејкерите велат дека Реал Мадрид е благ фаворит, но нема да им биде лесно да го докажат тоа на теренот.

Ајакс – ПСВ 16.45 часот

Амстердам ќе биде домаќин на големото дерби на холандскиот фудбал. На Ајакс противник му е големиот ривал ПСВ. По девет кола од холандскиот шампионат, ПСВ заостанува бод зад Ајакс, а тимот од Ајндховен има сериозни проблеми со повредени играчи.

Манчестер Јунајтед – Ливерпул 17.30 часот

Дербито на сите дерби се игра и во Англија каде се среќаваат двата најтрофејни клуба. Ливерпул е во подобра форма и позиција по осум натпревари во Премиер лигата, а проблем за „црвените ѓаволи“ можеби е фактот што најголемиот ривал е единствениот тим без пораз во шампионатот.

Рома – Наполи 18.00 часот

Рома во четвртокот беше понижена во Норвешка, каде во групната фаза од Лигата на конференции беше поразена од Бодо со 6:1, па би било добро избраниците на Жозе Мурињо да се „извадат“ во Серија А, но нема да биде лесно воопшто. Доаѓа тимот кој освои максимален број бодови во првите осум кола во Серија А тимот од Неапол.

Зенит – Спартак Москва 18.00 часот

Се очекуваше повеќе од Спартак во првите 11 натпревари, но сега веќе нема враќање. Првопласираниот Зенит беше поразен во последните два првенствени натпревари, а гостите од Москва таму ја гледаат својата шанса.

Олимпик Марсеј – Пари Сен Жермен 20.45 часот

Нема зборови со кои може да се опише омразата на навивачите на овие два тима. Приврзаниците на домаќините ќе се обидат со сите сили да го истуркаат тимот на позитивен резултат против триото Меси – Нејмар – Мбапе.

Интер – Јувентус 20.45 часот

Дербито на Италија е закажано за крајот на совршениот ден на стадионот „Џузепе Меаца“. Актуелниот шампион ќе биде домаќин на тимот кој минатата сезона го симна од тронот во италијанскиот фудбал.