![]()
По мечот на Партизан во Атина, утре од 20:15 часот против Панатинаикос, Белград ќе го напуштат тројца кошаркари.
Алексеј Покушевски, Исак Бонга и Мика Муринен се најдоа на списокот на репрезентациите за кои ќе настапат во претстојните квалификации за Мундобаскетот 2027.
Муринен повторно е повикан во селекцијата на Финска, Бонга ќе замине кон Германија, додека Покушевски ќе се приклучи на репрезентацијата на Србија под водство на Душан Алимпијевиќ.
Од неговото пристигнување во редовите на Партизан, Муринен запиша шест настапи во АБА-лигата и во просек минуваше околу 13 минути на паркетот (3,8 поени и 3,3 скока), додека во Евролигата влезе од клупа на пет натпревари, но сè уште нема собрано ниту 10 минути.
Бонга моментално ја бара вистинската форма по одличното појавување на Европското првенство, а Покушевски конечно тргна по нагорна линија оваа сезона.
Заминуваат, но ќе се вратат….
