Овие две работи ќе бидат забранети на ЗОИ 2022 во Пекинг – Организаторите открија и зошто!

Loading

Во тек се подготовките за Зимските олимписки игри кои следната година ќе се одржат во Пекинг.

Како и за летните, така и за претстојните натпревари важат посебни правила. Голем број тестови за корона и специјални протоколи со цел да се заштитат спортистите.

За да се избегнат дополнителни и непотребни проблеми во сето ова, организаторите донесоа интересна одлука. Нема да има бибер или ловоров лист во употреба за подготовка на храна.

„Готвачот од олимпиското село Јанг Ченг изјави дека стимулансите како бибер и ловоров лист ќе бидат изоставени од менито за да се избегнат лажно позитивни тестови за ковид“, пишува шпанска „Марка“.

Сепак, организаторите најавија дека на менито ќе има 678 различни јадења, дека ќе има вегетаријанска храна, како и халал и кошер варијанти. Додадоа и дека ќе има зачинети јадења од познатите провинции Сечуан и Хунан.

Зимските олимписки игри ќе се одржат од 4 до 21 февруари следната година.