Ова е составот на Македонија за ракометниот Мундијал во Египет 2021

Loading

Селекторот Данило Брестовац го објави списокот од 20 ракометари на кои ќе смета на Светското првенство во Египет.

За жал поради оправдани причини ќе ги немаме Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Борко Ристовски.

Ова е составот на Македонија со кој ќе настапи на СП 2021 во Египет:

ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Никола Даниловски
ЛЕВИ КРИЛА: Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски
ДЕСНИ КРИЛА: Мартин Поповски, Ненад Костески
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Михајло Младеновиќ
ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ: Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Горан Крстевски
ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
ПИВОТИ: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски