Најдобриот српски тенисер Новак Џоковиќ ќе игра на Австралија опен следната година.
Крег Тајли, првиот човек на Австралиската тениска асоцијација, му ја потврди веста на познатиот новинар Луис Алфредо Алварез.
,,Вчера директно од Крег Тајли слушнав дека Новак дефинитивно ќе игра на Австралија опен во 2023 година – напиша новинарот на својот Твитер профил.
Ова значи дека на Новак ќе му биде укината тригодишната забрана за виза, која австралиската влада ја наметна, истакнувајќи дека таа може да биде поништена во „одредени околности“.
Да потсетиме, на почетокот на годината најдобриот српски тенисер преживеа вистински пекол во Австралија.
Србинот беше депортиран од Австралија во јануари, бидејќи министерот за миграција, Алекс Хок, оцени дека „го промовира движењето против ваксери.
Џоковиќ замина за Австралија на 4 јануари, откако претходно доби ослободување од задолжителна вакцинација. Еден ден подоцна започна вистинската тортура.
Помина неколку рочишта и беше сместен во притвор на аеродромот во Мелбурн.
Џоковиќ и неговиот правен тим веднаш поднесоа жалба на одлуката на граничната полиција за забрана за влез.
Дека станува збор за политички прогон на Новак е јасно и од шокантната закана на Владата на Австралија дека нема да ја почитуваат одлуката на судот доколку таа оди во прилог на српскиот тенисер.
И покрај сите притисоци, Новак на суд ја доби австралиската влада и со таа одлука му беше вратена визата за престој во Австралија.
Меѓутоа, Хок ја искористил својата дискреција и му ја откажал визата на Новак во согласност со Законот за миграција, па Србинот беше депортиран од Австралија.
За потсетување, Ноле има девет освоени гренслем титули на Австралија опен.